Радио Милева кришум невеста?

Сите видоа, а и допрва ќе дознаат, иако никому не кажа: Се омажи (ли) пејачката Стојне Николова? (ФОТО+ВИДЕО)

Сите видоа, а и допрва ќе дознаат, иако никому не кажа: Се омажи (ли) пејачката Стојне Николова? (ФОТО+ВИДЕО)

Иако естрадата е или паркирана или вози во „лер“, некои од македонските естрадни уметници не мируваат и во вакви услови кога корона пандемијата им ја загрози и кариерата и им го „зема лебот“. Една од нив е фолкерката Стојне Николова која принудната пауза ја користи за активности кои не се поврзани за настапите, но и тоа како се врзани за естрадата.

Најпрвин сексапилната струмичанка си себе си си приреди зимскиот распуст уживајќи во снежните убавини на Копаоник. Откако ги наполни батериите и се врати дома, Стојне заедно со своите пријатели сними свое забавно музичко шоу во реализација на Мојсо продукција и Арт студио, кое деновиве беше емитувано на националната Алфа ТВ.

Во меѓувреме, шармантната пејачка сними и еден интересен дует, песна која носи наслов „Камионџија“, и на чие видео се работи, а наскоро ќе биде промовирана заедно со спотот.

Млада, убава, згодна, атрактивна, сексапилна… експлозивната струмичанка е девојка која е „згодна и пожелна прилика“ за секој  слободен ерген. Токму затоа Стојнето го облетуваат многу додворувачи, иако  се’ уште, не барем јавно,  не видовме дека младата фолкерка е во нечие срце, или некој во нејзиното, односно дека е во сериозна љубовна врска.

Токму затоа шокантно делуваше видеото кое осамна на социјалните мрежи во кое се гледа Стојне како домаќинка…

А, при тоа не е во прашање нејзин постар или нов музички видеоспот. Сите видоа, а и допрва ќе дознаат, иако никому не кажа, па оттаму зачудувачки се наметна и прашањето и дилемата: Се омажи ли кришум пејачката Стојне Николова?

И одговорот е: Да… Ама само во новата рекламна приказна!

Имено, Стојнето заедно со своите пријатели, актерите-комичари од хумористината емисија „Нема љутиш“  сними реклама за еден македонски бренд за овошни сокови. Во него Стојнето е онаа „вистинската“, која токму ќе го освои срцето на мажот и ќе му стане добра сопруга, жена, мајка, домаќинка…

Пука случајност или „генерална проба“ – времето ќе покаже, но сепак едно е сигурно: Стојне Николова станува се’ популарна и се попожелна… И како пејачка и како мома… за мажење!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/stojne_official

 

 

 

 

To top