Радио Милева
кумановска мајтапџика

Сите штом излезат надвор носат заштитна маска и ракавици, а нашата фолкерка и качулка преку главата, а еве и зошто: „’Рани Сани, да те „лае“! (ВИДЕО)

Сите штом излезат надвор носат заштитна маска и ракавици, а нашата фолкерка и качулка преку главата, а еве и зошто: „’Рани Сани, да те „лае“! (ВИДЕО)

Изолацијата на сите тешко ни паѓа, а особено на оние што не се навикнати да седат дома, зарадаи природата на работата, како естрадните уметници на пример. Откако ги прифатија и испробаа сите можни предизвици, ги покажаа сите свои вештини, од кулинарски до танчерски, на пејачките по се изгледа им здодеа да бидат „очајни домаќинки“, па меѓудругото и готвењето го ставија на „игнор“!

Можеби не сите, но, македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска – да! Барем на момент! Споените карантински велигденски денови беа долги и споро минуваа кога си затворен дома, па уште ако и секој ден треба да се готви… тешко паѓа!

Арно ама, затоа досетливата Сани ги има своите пријатели. И оние од скопските ресторани и кујни и своите колеги, кои се’ би направиле да и помогнат и на итрата кумановка со скопска адреса на живеење, да и го решат проблемот. И така и би!

Сани тој ден си нарача храна за достава од еден познат скопски ресторан, а наместо вообичаениот доставувач, приготвеното јадење лично и го донесе нејзиниот колега, со кого неретко настапуваат заедно токму по кафеаните и рестораните, клавијатуристот и познат забавувач Трајче Толевски.

Надвор подзаладено, врнежливо и ветровито, а пејачката подготвена да ја преземе нарачката, но и подготвена за корона пандемејита и тоа по сите прописи. Заштитна медицинска маска преку устата и носот, заштитни ракавици на рацете, но и повеќе од тоа. Сани надвор излезе и со прекриена глава преку која ја ставила качулката од дуксерот.  И не заради короната, ниту пак заради дождот, туку заради Трајче!?

Имено, додека одеше да ја пречека доставата на храната која колегата и ја носеше, фолкерката се изрекламира колку добро е заштитена од коронавирусот, ама и од самиот Трајче… Затоа и капата, оти Трајче можел да има и вошки!

А сиротиот колега, се отепа по дождот лично да и го достави јадењето, а таа за него така! Над се’, па сето ова пејачката уште и го снимала и го споделила на својот Фејсбук профил, па испадна: Тој неа да и носи храна, таа него „да го лае“ на социјалните мрежи. „Рани Сани, да те лае“!

Но, без паника, сето ова е само дел од шеговитата игра, дел од дружбата полна со меѓусебни шеговити задевања, местенки  и подбоцнувања, која колегите често знаат еден на друг да си ги „сместат“ заради лична забава и разбивање на здодевноста. Патем, тука никој никому ниту се лути, ниту се возбудува, а уште помалку му забележува на другиот заради шегата, колку таа и да изгледа „сериозна“, како оваа на распената кумановска мајтапџика!

Единствено што останува е она: „Памти, па врати“… Се разбира, на ист начин, со иста мерка, но секогаш во границите на колегијалноста и добрата дружба во која спаѓаат и ваквите необични шеги!

Останати вести од Радио Милева