Радио Милева скромно и далеку од луѓето

Сите се фалат со јахти и забава, а еве како Констракта одмара на друго место подалеку од сите (фото)

Сите се фалат со јахти и забава, а еве како Констракта одмара на друго место подалеку од сите (фото)

Констракта не е ниту на море ниту на езеро, а следбениците ги воодушеви со своите фотографии.

Уметницата Ана Ѓуриќ Констракта, која ги освои сите со својот прв настап на Беовизија, а потоа победи па ја претставуваше Србија на Евровизија во Италија, успеа по којзнае кој пат да докаже дека е навистина посебна.

Додека нејзините колеги се фалат со скапи одмори и плажи, луксузни хотели и јахти, Констракта ужива во сосема поинаков одмор.

Таа моментално е во Мокра Гора, од каде објави неколку прекрасни фотографии и ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.

„Ако сакате да гледате во ридовите, како и јас“, напиша Констракта во описот на една од фотографиите.

Друштво и прави и нејзиното куче Роки, а Конструкта ужива максимално, скромно и далеку од луѓето.

Фото:Принтскрин/Инстагарм/konstrakta

To top