Радио Милева ги„ запали“ социјалните мрежи

Сите сакаат газиња и нозе: Наташа Аксентијевиќ станала „риба ипол“ (фото)

Сите сакаат газиња и нозе: Наташа Аксентијевиќ станала „риба ипол“ (фото)

Водителката Наташа Аксентијевиќ пред извесно време пред јавноста го претстави своето патешествие за слабеење, во една емисија во која откри колку јаде, како вежба и колку тешко и паѓа сето тоа.

Таа покажа дека трудот што го вложува многу брзо се исплати, откри дека ослабела повеќе од 20 килограми, и дека нема да застане тука, и планира својот изглед да го доведе до совршенство.

Покрај исхраната, составен дел од нејзиното секојдневие се вежбите и третманите. Наташа пред летото да почне се издепилирала од препони до петици, а потоа објасни зошто го прави тоа и ги насмеа пријателите.

„Видела жаба како се потковува коњот, па ја подигнала ногата. Но, сега кога ќе ја кренам ногата нема да биде влакнеста, па и кога ќе ослабам лајкови ќе фрчат. Знам што се бара на социјалните мрежи, сите сакаат газиња и нозе“ – изјавила водителката.

Инаку, судејќи по последните објави, таа, како што велат, се преполовила.

Со оглед на тоа што  ретко објавува фотографии, со објавата на трактор, во црна комбинација која дополнително стеснува, Наташа ги изненади фановите.

„Ти си жена за сѐ, Нато “ – беше еден од коментарите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/natasaaksentijevic

 

To top