Радио Милева
ресет со рестарт...

Сите сакаат да заминат, а Ламбе со семејството од САД се врати дома во родната Македонија: Македонскиот пејач се враќа на естрадната сцена?! (ФОТО)

Сите сакаат да заминат, а Ламбе со семејството од САД се врати дома во родната Македонија: Македонскиот пејач се враќа на естрадната сцена?! (ФОТО)

Некогаш популарниот македонски пејач Ламбе Алабакоски, кој пороизлезе од музичкото талент шоу: „М2 – потрага по ѕвезди“,  заедно со своето семејство по повеќе години живот во САД, поточно на Флорида,  реши да се врати во родната Македонија, а со тоа и да се обиде да се врати на истата сцена на која ја започна својата музичка кариера.

Ламбе беше дел од концертите „Засекогаш во срцата“ посветен на починатите музички великани Тоше Проески и Аки Рахимовски, кој во организација на Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола кои  беа одржани на 18 и 19 февруари во Битола.

 

При тоа некогашната тинејџерска ѕвезда, која сега  веќе позрел и со малку поинаков физички изглед, за порталот  Црнобело.ком ќе изјави дека со семејството во кое  тој и  сопругата Магдалена денес ги имаат  и синовите Димитриј и Михаил, по сите овие години живот во САД, решиле да се вратат во Македонија.

Дали почнува некако нов бизнис во татковината и кои се точните причини заради кои се вратил дома во родната земја во која е уште од лани летото, Ламбе  не објаснил. Ова е дотолку почудно што што тој е еден од ретките што решил да се врати дома, додека многумина млади, меѓу кои и брачни парови последниве години сакаат или веќе ја напуштиле Македонија, заради лошите усови за живот, очајниот стандард, немањето перспектива, неможност за наоѓање работа, лоши можности за решавање на станбеното прашање, невладеењето на правото и изгубената доверба во институциите на државата…!

Како и да е, едно е сигурно: Ламбе не само дома, туку ќе се обиде да се врати и на домашната естрадна сцена. Така барем самиот пејач кажал во претходно споменатата изјава, при то спомнувајќи си од каде почнал пред 17 години како учесник и еден од победниците на „М2“ музичкиот натпревар на таленти:

„По 7 години пауза и еден убав ресет, би сакал да продолжам со музиката бидејќи тоа ми е талентот од Бога. Во план се некои песни и видеа кои се надевам дека ќе се остварат до крајот на оваа година“ – ќе рече Алабакоски за плановите во новиот музички рестарт кој е пред него.

Дали само од музика планира да живее – Ламбе не кажа…!? Белким пред да почне одново, добро се распрашал…?! Времето на „М2“ оддамна мина!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/

 

Останати вести од Радио Милева