Легендарниот петкратен оскаровец Клинт Иствуд јавноста не го видела 408 дена, а многумина се сомневаат дека неговото здравје е сериозно нарушено. Последен пат на својот омилен голф турнир се појави минатата година во февруари, а претходно имаше два помали актерски ангажмани. Сепак, иако до неодамна живееше во заедница со 33 години помлада, неговото „исчезнување“ загрижи многу колеги и обожаватели.
Гласините дополнително ги подгреа неговото отсуство на овогодинешниот голф турнир, кој не го пропушта од 2012 година и покрај тоа што учествуваше и неговиот син Скот (37).
„Клинт отсекогаш уживал одлично здравје и бил витален и активен и покрај неговите поодминати години, но фактот што го нема во последно време толку многу луѓе во Холивуд ги загрижило за него. Тешко е да го замислиме во нешто друго освен во добра форма, но времето нè стигнува сите – изјави извор близок до Клинт.
Докторот кој го лекувал Иствуд го проценил влошувањето на здравствената состојба на актерот.
– Се чини дека има слаби коски или значителна остеопороза поради длабоката кривина во горниот дел од грбот – открил докторот.
Една од најголемите холивудски ѕвезди последен пат се појави во драмата „Кри Мачо“ од 2021 година, која беше пофалена од критиката, враќајќи само 16 долари од 33 милиони долари потрошени за продукцијата на филмот. Во тоа време, Клинт му рече на новинарот дека не планира да се пензионира – освен ако не ја изгуби својата публика.
Освен големата кариера, актерот важи за еден од најголемите женкари во актерскиот свет, па не се знае точниот број на убавици кои поминале низ неговиот живот. Тој е татко на осум деца и живее повлечено на ранч.
фото:Профимедиа