Војвотката од Сасекс го направи својот прв јавен настап откако се врати од турнејата во Јужна Африка и присуствуваше на отворањето на самитот „Млад свет“ во Лондон.
Американката во последно време експериментира со стилот и лежерните парчиња облека, но на самитот воодушеви со својата елеганција.
Таа блесна во виолетов фустан, комбиниран со салонки во тегет нијанса.
Посебен аксесоар беше нејзината убава пуштена коса која изгледа подолга од претходно.