Во документарниот филм „Кралица на светот“ кој наскоро ќе излезе на телевизија, внукот на кралицата Елизабета 2, принцот Хари разговараше со посетителите од Карибите и ја искористи приликата да се пошегува со нив.
„Вие во кралската палата поминавте многу повеќе време од мене, а тука сте само две недели„ изјави 34 годишниот принц и додава:
„Дали ја сретнавте нашата кралица? Ако случајно ја сретнете не паничите. Знам дека ќе паничите. Ние сите паничиме, се пошегува принцот Хари.
Хари и сите останати членови на семејството ќе учестуваат во документарниот филм за кралицата.