Радио Милева Мерак или маркетинг?

Сите однапред, само Цветанка Глигорова сака отпозади… да ја има на плакат!? (ФОТО)

Сите однапред, само Цветанка Глигорова сака отпозади… да ја има на плакат!? (ФОТО)

Македонската пејачка Цветанка Глигорова во последно време е многу активна. И по настатапи по кафулињата и клубовите, како во родното Кавадарци и цела Македонија, така и на социјалните мрежи, на кои постојано осамнуваат нејзини фотографии. Некогаш нови, некогаш стари… Некои од приватната архива, некои професионални, од настапи, фотосесии, плакати, постери…!

А кога веќе сме кај плакатите и постерите, сите знаат дека тие се неизоставен дел во работата на еден естраден уметник. И покрај технологијата, електронските медиуми и социјалните мрежи, печатениот материјал се уште е во игра! Палакат си е плакат… Може да се залепи на видно место и секој да го види… без оглед на неговата големина.

Затоа и Цветанака, како и другите пејачи постојано ги користи при рекламирање на своите настапи. Само, ако ги загледате нејзините плакати, или барем некои од овие последниве, веднаш в очи ќе ви падне една разлика.

За разлика од останатите пејач(к)и, кои сакаат однапред, само Цветанка Глигорова сака отпозади… да ја има на плакат!? Обично лицето продава, велат, ама кај сексапилната кавадарчанка ќе да продава нешто друго!

До душа, не дека и приватно пејачката не е мераклика на вакви пози, кои можат да се најдат на некои од фотографиите на нејзините профили по социјалните мрежи, ама сепак за на постер и плакат…!?

Ама ако! Зошто да не, кога веќе добро и оди со настапите? Кој да знае, можеби тоа е еден од рецептите за успех? Можеби вака е најдобро да се привлече „заглеаната“ публика на настапите?

До душа не дека сите плакати и се со „привлечна позадина“, напротив! Цеце има и од оние на кои е лице в лице со своите потенцијални посетители, на кои е исто така привлечна и во секси поза…

Впрочем, ваквиот сексапил го најави уште со фотосесијата од пред две години за новогодишниот календар изработена од нејзините сограѓани од Фуџи-Фото, на која можете да се потсетите на приложените фотографии подолу.

Фото: Ц.Г./Инстаграм &  Фуџи Фото

 

 

To top