Иако календарски се уште не е лето, летната сезона и летните одмори за некои започна.
Некои од познатите го искористија слободното и топло време за да заминат некаде на плажа, па така досега имавме прилика некои од познатите дами да ги видиме во бикини.
Некои се одлучија за домашен терен, а некои одбраа дестинација надвор од Македонија.
Меѓутоа, сопственикот на модното студио Црнокрак, Мики Црнокрак својот одмор го користи за да ужива во Дубаи- дестинација каде што летуваат повеќето уметници од српската естрада.
Имено, тој во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели како го поминува времето. Додека многумина ги полнат батериите на плажа, Мики Црнокрак ужива на снег.
Според објавените фотографии на „Стори“, Мики својата посета во Дубаи ја искористи и за да посети ски центар и да поужива во снегот.
Инаку, познато е дека Црнокрак е љубител на скијањето, па така традиционално секоја година е редовен скијач во некој ски центар.