Живееме во тешко, комплексно време, полно со неизвесност, отуѓеност, несреќи… Така што денес е навистина „уметност“ човек да е среќен, задоволен и исполнет. Затоа многумина и се прашуваат: Постои ли рецепт за среќа? Шармантната водителка на Канал 5, Анастасија деа Богдановска го пронајде…
Додека другите на лист хартија запишуваат рецепти за готвење, водителката го запишува својот дневен рецепт… за среќа! И тоа секој ден – различен!
Така на пример, оној вчерашниот, содржи:
И ете ја Деа после емисија, во цветна, летна гардероба со велосипед на прошетка…
…Со два сладоледа в раце! Супер! Ветеното – запишано на хартија, запишаното – исполнето!
Освен она… „Те сакам“ ( I Love You) на рецептот… Остана мистерија кому му е упатено…?! На фотографијата – два сладоледи и две женски раце? А таман мислевме дека другата ќе биде… машка! Арно ама…