Радио Милева подмладување со навлажнување

Сите лица на бившата мисица: Вера Мештеровиќ – најзгодната „вештерка“ во салонот за „подмладување со навлажнување“! (ФОТО)

Сите лица на бившата мисица: Вера Мештеровиќ  – најзгодната „вештерка“ во салонот за „подмладување со навлажнување“! (ФОТО)

Неа ја познавате како н екогашна учесничка на домашните избори за убавина, македонска претставничка на меѓународните избори за мис и балкански амбасадор на убавината…

Бивша мисица, манекенка и модел – Вера Мештеровиќ, која и во годините на зрелост се’ уште изгледа повеќе од атрактивно, пожелно, секси…

Со лице кое  не старее и тело кое не се дебелее, со природни атрибути и долги нозе како нејзин трејд марк и заштитен знак, македонската убавица е се’ уште барана за рекламирање на разни производи и брендови: од чорапи и хулахопки, до разна козметика и козметички третмани!

А како и не би кога нејзиниот младешки „ бејбифејс“ изглед плени и без грам шминка.  Лице кое изгледа познато, а погодно за трансформација. Но за да биде подготвено на разни мејкап промени, претходно лицето треба да биде „влажно“…  Или поточно, хидратирано! Затоа Вера замина во еден од најпознатите салони за убавина на третман за „подмладување со навлажнување“.

Така темелно и длабински „обработена“, Вера покажа дека нејзиниот лик кажува се’ и без грам шминка, иако ништо не сме виделе. Зашто допрва следуваше она најважното и „најстрашното“ – „Ноќта на вештерките“ во која токму лицето треба да доживее темелна трансформација!

Убавицата знае дека така убаво среденото лице, греота да го „унаказиш“ со било какви грди бои, па затоа реши да употреби итрина: Ем да биде згодна „вештерка“, ем да остане „нечепната“… Во ликот, се разбира!  Тој што вели дека убавината и умот не оделе заедно, многу згрешил.

Вера тоа го докажана дело, користејќи една апликација во вид на компјутерска анимација, која ликот од зададената фотографија и го трансформираше во разни „ Halloween“ варијанти! Ефектот постигнат, па Вера Мештеровиќ се трансформираше во Вера „Вештеровиќ“, а нејзиното лице и понатаму остана чисто и недопрено.

 

Затоа убавицата беше и најзгодната „вештерка“ во салонот за „подмладување со навлажнување“! Со тоа што маскирањето и почна уште во салонот!

 

 

 

 

To top