Радио Милева

Сите коментираа дека го нема во Охрид, па момчето на Цеца ги изненади сите (ФОТО)

Сите коментираа дека го нема во Охрид, па момчето на Цеца ги изненади сите (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ вчеравечер одржа голем солистички концерт во Охрид. За оваа прилика пејачката се дотера во розов долг фустан, додека, пак, косата и беше собрана во пунџа и изледаше како вистинска дама. Македонските медиуми забележаа дека нејзиното момче Боган Срејовиќ не допатувал со нејзе во Македонија, иако ја следел на сите концерти.

Наместо Богдан, заедно со Цеца во Охрид допатува и нејзиниот фризер и пријател, Стеван Радивојевиќ со кого Цеца е неразделна изминатиов период. Сепак, дека нема никаков проблем во врската меѓу Цеца и Богдан пренесуваат попладнево српските медиуми, кои објавија дека Цеца Ражнатовиќ и нејзината посилна половина, Богдан Срејовиќ, уживаат во Црна Гора.

– Цеца Ражнатовиќ отпатува за Црна Гора со своето момче Богдан Срејовиќ, кој ја придружува на сите настапи, а тој го објави видеото и покажа колку уживаат. Богдан не ја симна насмевката од лицето додека ја снимаше Цеца на масата, и очигледно го овековечи моментот додека чекаа ручек и се одмараа под сенка. Цеца беше во опуштена комбинација и воодушевува со изгледот и во оваа дневна верзија. Јасно е дека љубовта цвета!, коментираат српските медиуми.

To top