Пред неколку дена, Серена Вилијамс крена прашинаа на „Ролан Гарос“ со нејзиниот моден избор, но и покрај екстравагантното издание и доминацијата на познатата тенисерка, нејзината противничка беше во центарот на вниманието.
Противничка на Серена и беше младата руска тенисерка Виталија Дијатченко, на која и појде рака да го преземе водството во првиот сет, но не успеа да стигне до победа.
Сепак, публиката привлечнтаа бринета добро ја запамети, пред се поради впечатливата убавина и извајаното тело, па слободно може да се каже дека оваа дама практично е наследничка на нејзината сонародничка Ана Курникова, која исто така го воодушевуваше светот, па со неа тенисот изгледаше повеќе од игра на теренот.
Руската убавинца во својата кариера има само една ВТА титула и тоа од „Ташкент Опен“ во 2011 година, а најголемата победа ја запиша минатата година на Вимблдон, кога ја победи Марија Шарапова.
Виталија е момнтално 83 тенисерка во светот, и е голем фан на фудбалот и Формула 1, а таа често е присутна и на социјални мрежи.
Сепак, за жал на машката публика, таа е зафатена. Долго време е во врска со руски хокеар Иван Налимов, а парот неодамна и се свршил.