Македонската серија „Преспав“ успеа да ја освои македонската публика и да го задржи нејзиното внимание.
Последната сезона на „Преспав“ беше една од најгледаните, а веќе во најава е дека ќе се има и четврта сезона.
Преку специфичните карактеристики секој од ликовите успеа да остави некој белег и да остане по нешто запаметен.
Во третата сезона пансионот „Преспав“ доби нова газдараца Преслава, односно Јана Маринова од Бугарија.
Јана Маринова, 40 годишна актерка, која играла во над 350 епизоди од различни серии, играла во бугарски и американски филмови, во театарот… и повеќе од тоа.
Јана исто така учествувала во рели – трки во кои освоила и пехар.
Преслава или Јана има учествувано и „Survivior“ каде што ја покажа својата издржливост.
На Јутуб има неколку снимки од „Survivior“ каде што нејзината сила ја покажува на дело.
Имено, таа заедно со своето племе се борела, а и најчесто победувала.
На видеото може да се види како се натпреваруваат Јана од нејзиниото племе и противник од машкото племе. Во ова игра победува Јана.
Потоа, заедно со нејзините партнерки од племето повторно се натпреварувара и Маринова повторно победува.
Дефинитивно, газдарицата на „Преспав“ е издржлив и силна.
Сега само повремено работи како каскадер, кога ќе процени дека станува збор за нешто многу возбудливо и интересно.
Маринова усовршувајќи го своето актерско знаење, неодамна ја посетила познатата Школа за актерство на Ли Стразберг во Лос Анџелес, каде што три месеци интензивно изучувала актерски техники.