Радио Милева
на водителот му се посреќи...

Сите ја дочекавме пролетта со снег, само Жанко – З’ш ја виде и доживеа… „расцветана“! (ФОТО)

Сите ја дочекавме пролетта со снег, само Жанко – З’ш ја виде и доживеа… „расцветана“! (ФОТО)

Годинава климата тотално се шашардиса. Годишните времиња како да се измешаа, па не знаеш дали пролетта подзадоцни, или на зимата доцна и текна да дојде?  Како и да е пролетта цела Македонија ја дочека со нов снег, освен тој… Жанко – З’ш. Само тој пролетта ја дочека и виде поинаку!

До душа познатиот охридски радио и ТВ водител, инаку пасиониран љубител на природата, прво се судри со циклонот Хектор кој го опустоши охридското крајбрежје. Откако успеа да ги спаси двете најважни работи: главата и велосипедот, Жанко пристапи кон лична евакуација, па му ја киниса в планина.

Ем за да избега од  невремето, ем за да го дочека будењето на природата на првиот пролетен ден… Арно ама, како баба Марта знае да биде немилосрдна, пролетта ја дочекавме со снег! Сите ние, ам не и тој… Жанко -З’ш!

Тој имаше среќа пролетта да ја види и доживее сосема поинаку! Многу поубаво, поромантично, посимпатично, многу повозбудливо и посекси… Или со еден збор кажано – расцветана!

 

Останати вести од Радио Милева