Радио Милева општински брак

Сите им честитаат годишнина од брак, а на нив тој ден не им значи: Прослава сега нема да има (ФОТО)

Сите им честитаат годишнина од брак, а на нив тој ден не им значи: Прослава сега нема да има (ФОТО)

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се венчаа пред една година, но тој датум не го слават како годишнина. Сепак  фановите им испратија бројни честитки по повод првата годишнина од бракот. Двојката реши да не го слави тој ден, што многумина ги изненади.

Марко се огласи на Инстаграм и им се заблагодари на сите, но изјави и зошто ја изоставиле прославата.

„Почитувани пријатели, ви благодариме за честитките за годишнината од бракот, но мораме да напоменеме дека денеска е годишнина од општинскиот брак, кој не ни значи многу и дека ќе го одбележиме датумот на црковната венчавка, која беше 18 мај 2021. Со почит, семејството Миљковиќ“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo Miljkovic (@luna_djogani)

А, деновиве брачната двојка е пресреќна, бидејќи нивната ќерка Миа тргнала во градинка.

Фото: Принтскрин Инстаграм/luna_djogani/marko.miljkovic

 

 

To top