Радио Милева го сменил името

Сите го знаеме како Ален Ислаимовиќ – Но, ова е неговото вистинско име и еве зошто морал да го смени (фото)

Сите го знаеме како Ален Ислаимовиќ – Но, ова е неговото вистинско име и еве зошто морал да го смени (фото)

Пејачот Ален Исламовиќ (64) се прослави во бендовите „Дивље јагоде“ и „Бијело дугме“, но помалку е познато дека своевремено го сменил името. Сепак, извор близок до Ален го откри неговото вистинско име – Алија.

– Кога се појавија „Дивље јагоде“, групата во која пееше Исламовиќ, водачите на поранешниот „Југотон“ дојдоа до идеја која на почетокот не му се допадна. Тие му предложија на Алија да почне да го користи уметничкото име Ален, со образложение дека подобро звучи и ќе добие поголема популарност кај публиката. Малку се двоумел, не сакал да го смени името, но попуштил и ги следел советите на претпоставените. Денес речиси никој не знае дека Ален всушност се вика Алија, бидејќи тој никогаш не сакал да зборува за тоа во јавноста – изјавил извор кој инсистирал да остане анонимен.

Исламовиќ пред неколку години за Курир Старс потврдил дека неговото вистинско име е Алија.

– Тоа е точно. Нема ништо чудно во тоа, многу светски ѕвезди избираат поинакво име со кое се претставуваат во јавноста, најчесто некое што звучи попривлечно. Така беше и во мојот случај – изјавил пејачот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/ален Ислаимовиќ/Дамир Дервишагиќ

To top