Радио Милева Неговото име е...

Сите го знаат како Џамбо, а ретко кој му се обраќа со вистинското име: Еве која позната личност му го даде прекарот на кралот на трубата…

Сите го знаат како Џамбо, а ретко кој му се обраќа со вистинското име: Еве која позната личност му го даде прекарот на кралот на трубата…

Струмичкиот крал на трубата, Исеин Агушев, алијас Џамбо Агушев ретко која го знае по роденото име, а за тоа има еден виновник,неговиот колега и учител Ферус Мустафов.

Џамбо беше гостин во пладневната емисија „Магазин“ на телевизија Сител каде зборуваше за својот живот, семејството, сопругата, децата, но и за своите почетоци. Тој откри дека на почетокот учел да свири на трубата која ја добил на подарок од својот татко, но бидејќи тој бил строг учител најмногу време и школа земал од својот чичко Кочо Агушев.

Како семеен пријател тука бил и познатиот Ферус Мустафов кој всушност му го дал надимакот по кој денес сите го знаат- Џамбо.

Ферус беше кај нас на гости, како фамилија многу си живееме. Ја почнав нешто да свирам, а тој вика, ајј како свири и ме зема кај него сакајќи да ми направи албум. Тогаш имав 11 години, а со мене свиреа врвни музичари, многу бев среќен. Кога завршивме ми вика:„Како да ставиме надимак , ти си брз како џамбо џет авион, ќе ти ставам надимак Џамбо да ти биде“ и така остана.

Повеќе од она што Џамбо го кажа пред камери можете да погледнете од линкот во продолжение:

фото: Фејсбук, Џамбо Агушев, Магазин Сител

To top