- Дритон Вејсели публиката ја освои по неговата улога на рецепцинорот Талат во серијата „Преспав“.
Со својот хумор тој успеа да ја насмее македонската публика, а со неговата улога во серијата стана еден од омилени актери.
Дритон не е многу често активен на социјалните мрежи и не објавува фотографии. Меѓутоа, деновиве на „Инстаграм“ владееше нов тренд односно се појави апликација која покажува како ќе изгледате за неколку години.
Овој нов тренд го пробаа многу јавни личности и се пофалија како ќе изгледаат за 30, 40 години.
И Талат односно Дритон одлучи да ја проба апликацијата и да се види себе си за неколку години.
Тој во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија која ја направил во апликацијата „Faceapp“ и покажа како ќе изгледа за неколку години.