Забавата на речена „10 годишен предизвик“ се шири како вирус по социјалните мрежи. И младо и старо, и познати и непознати псподелуваат стари и нови фотографии од себе си за споредба: пред 10 години и денес.
Познатите македонски личности не се исклучок: Ноне Неделковска…
…Лила Филиповска…
или Татјана Стојановска…
…А и редица други македонски пејачки, ТВ водителки, манекенки, ТВ презентерки… се само дел од плејадата наши јавни фаци кои покажаа колку „забот на времето (не) ги нагризал“!
Сепак, меѓу сите нив, се чини дека најоригинална е пејачката, ТВ водителка, и од скоро актерка, Тијана Дапчевиќ, која на социјалните мрежи го користи прекарот Јагодинка Симоновиќ.
Тијана не постирала своја фотографија, туку споделила хумористичен цртеж кој кажува се’… Поточно најдобро ја опишува состојбата од типот: „кога си десет помлада“!
За среќа, медицината е денес е многу напредна, па дамите ни пред, ни после 1о години, не мора да бидат загрижени за естетиката. Доволно е само да го прифатат предизвикот наречен – „силикон“!
Е сега, дали популарната Ула тргнала од себе си или само се осврна на општата состојба на женското тело десет години подоцна…? Како и да е, многу храбро, помалку саркастично, мошне хумористично, доста забавно и… баеги реално!