Анастасија Ражнатовиќ (25) се мажи со Немања Гудељ (31) и го зема неговото презиме!
Ќерката на Цеца ја запроси фудбалерот Немања на Ибица, а таа веднаш кажа „да“!
– Анастасија не очекуваше дека навидум обична вечера на Ибица ќе биде ноќ која ќе ја памети до крајот на животот. Немања сè организирал тајно и бил многу нервозен како сè ќе испадне. Се трудеше се да направи романтично, со многу цвеќиња и балони. Во еден момент од вечерата ја замоли да се омажи за него, Таса секако се согласи, го прегрна и потекоа солзи радосници! Потоа започна огнометот, а сите тие моменти ги сними снимател ангажиран од Немања – вели изворот за Информер.рс и додава дека се се случило пред еден месец, но двајцата решиле да молчат за тоа! Тогаш младата пејачка објави фотографија од свршувачката, но не сакаше да открие дека е запросена, туку само напиша: „Романтична вечера со мојата буба“, како што обично го нарекува своето момче.
View this post on Instagram
Изворот близок до парот откри и дека Анастасија веќе одлучила дека се презива Гудељ.
– Се уште не одредиле датум за венчавка, но тоа секако ќе биде следниот чекор. Тие веќе функционираат како венчани, живеат заедно во Шпанија, а Анастасија неодамна ги добила документите, па веројатно таму ќе биде и свадбената веселба. Сега е извесно дека Таса ќе го земе неговото презиме! Немања се воодушеви кога тоа му го кажа и веќе и се обраќа со „госпоѓа Гудељ“ – вели нашиот соговорник.
Анастасија и Немања на социјалните мрежи објавија и краток исечок од свршувачката. Фудбалерот до видеото ги ставил иницијалите на својата идна сопруга А.Г., а младата пејачка воодушевено додала: „Ново поглавје во животот!
Свадбата со нетрпение ја очекуваат и Ражнатовиќ кои биле пресреќни кога Таса ги известила дека се свршила.
фото:Инстаграм принтскрин/Анастасија Ражнатовиќ