Пејачката Ана Николиќ наводно пред два месеци започнала нова љубовна врска со црногорскиот бизнисмен Бошко, а новото момче го запознала претходната година кога пристигнал во нејзиниот стан да ја поправи бравата и да намести нова врата.
Имено, новото момче на Ана е сопственик на фирма која се занимава со продавање и вградување на врати.
„Ана и Бошко се запознаа преку заеднички пријатели пред неколку години, но оттогаш се немаа сретнато. Дури неодамна повторно се видоа и тоа случајно бидејќи Ана ја ангажираше фирмата на Бошко да ја промени влезната врата. Во таа прилика и тој дојде со мајсторите за да набљудува како оди работата“ вели извор и објаснува дека пејачката се изненадила кога го видела познаникот на врата.
„На Ана најмногу и се допадна тоа што е сопственик на фирма и што наместо да седи во фотеља, тој оди на терен со своите мајстори и ја надгледува работата. По нивната средба, таа на една другарка раскажа дека покрај себе сака таков маж и дека никогаш не видела толку вреден и способен човек“ вели изворот близок на пејачката и додава дека симпатиите биле обострани, па по нивната прва средба, тој иницирал да се видат повторно.
„Бидејќи имаше број од Ана, Бошко и прати порака дека сака повторно да ја види, но на некое друго место. Тогаш официјално ја покани на средба, а Ана прифати без да размислува бидејќи не сакаше да пропушти таква прилика. По првиот „дејт“, постојано беа во контакт, а бидејќи Бошко живее во Црна Гора постојано доаѓаше во Белград да се види со Николиќ“ вели изворот за курир.рс.
Ана се уште не огласи по повод овие пишувања во медиумите.