Продукцијата „ОХО“ најави дека наскоро ќе започне да се емитува нова македонска серија насловена „Куќен притвор“ која е „spin-off “ серија на најпопуларната ТВ серија „Преспав“.
На социјалните мрежи веќе е објавен трејлерот за серијата која ќе се прикажува на Македонската телевизија, а во главна улога е инспектор Томе, односно актерот Горан Стојаноски.
Виш иснпектор Томе ќе биде уапсен во пансионот на браќата Бузалевски, но наместо затвор ќе му биде одреден 30 дневен домашен притвор.
Покрај Горан Стојаноски, ќе ги гледаме и актерите Сашко Коцев, Зоран Љутков, Денис Абдула, Ирена Ристиќ…
Засега не е објавен точниот датум на прикажување, но се очекува тоа да биде наскоро.
View this post on Instagram
фото:Принтскрин Инстаграм/Куќен притвор