Пејачката Емина Јаховиќ неодамна го тужеше својот поранешен сопруг Мустафа Сандал поради неплаќање на алиментации и останати трошоци.
Како што пишуваат медиумите, Мустафа наводно возвратил со тужба за старателството над децата Јаман и Јавуз затоа што Емина „не е добра мајка“.
Наводно, турскиот пејач во тужбата неведува дека неогвата поранешна сопруга повеќе време посветува на нејзината козметичка линија отколку на синовите, а за децата наместо мајката, се грижи дадилка.
„Мустафа полуде кога му пристигна тужба за неплатени алиментации. По разводот, тој финасиски и помагаше на Емина и децата, но престана кога сфати дека таа повеќе заработува од него. Оттогаш, Емина не му побара ни евро, но неодамна пресече, го тужеше и за тоа јавно зборуваше во медиумите“, вели извор и додава дека поранешниот пар разговара само преку адвокати.
„Мустафа не сака никаков контакт со Емина, па му кажа на адвокатот дека сака да ја тужи. Сандал во тужбата наведе дека Емина е негрижлива мајка бидејќи синовите ги оставила со дадилки, а таа патува и целото свое време го посветува на козметика“, тврди изворот.
Пејачката засега не огласи по повод овие пишувања, а неодамна откри дека имала проблеми со Мустафа и дека правдата ја побарала преку суд.