Радио Милева не даде многу детали

Синот на Злата Петровиќ првпат проговори за наводната врска со третата среќа од Родиќ: „Таа е добра девојка за пријателство и за нешто повеќе“

Синот на Злата Петровиќ првпат проговори за наводната врска со третата среќа од Родиќ: „Таа е добра девојка за пријателство  и за нешто повеќе“

Медиумите неодамна пишуваа дека третата сестра од Родиќ, Наташа Родиќ е во врска со синот на Злата Петровиќ, Јован Пејиќ.

Имено, Наташа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од романтична вечера на која се држи за рака непознато момче. Меѓутоа, многумина го забележаа часовникот кој момчето го носи на рака и таков ист часовник има и Јован Пејиќ. Многумина започнаа да шпекулираат дека тие наводно се во врска.

Јован не сакаше конкретно да каже дали е заедно со Наташа.

„Ако мислите дека сте не фатиле, тогаш слободно пишувајте. Ако  мислите дека сме заедно и дека тоа не е ваша претпоставка, тогаш така е. Вака ќе ви дадам насоки, можеби сме заедно, а можеби не сме. За Наташа имам само убави зборови. Сестрите и се перфектни, таа работи на пазар. Кој би работел, а да може да има се од родителите. Бидејќи јас работам, а моите се тие кои се, јас така гледам на неа. Таа е многу добар човек, добра девојка за пријателство и за нешто повеќе“ вели тој за курир.рс

За потсетување, Богдана Родиќ е во брак со синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ,а Бојана Родиќ е заедно со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан.

To top