Рита Ора беше во кратка врска со Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Виктрија Бекам, а сега е во врска со друго момче.
Пејачката очигледно е решена да го најде вистинскиот за неа па овој пат е во врска со синот на познатиот актер Џуд Ло, Раферти Ло.
Пејачката и шест години помладиот актер се запознале на снимање на филм каде што и ја започнале својата романса, а на забавата по доделувањето на британските модни награди “уловени“ биле како се држат за рака, пренесуваат од “TeenStar“.
Иако во врска се само неколку недели, извор близок до пејачката тврди дека тие имаат сериозни намери да бидат заедно па затоа и се претставиле во јавноста.
„Помеѓу нив веќе некое време нешто се случува, откако почнаа да работат заедно. На луѓето им беше неверојатна нивната заедничка хемија и така почнаа трачевите. Привлечноста се претвори во врска. Подготвени се да излезат во јавноста како пар и поради тоа не можеа да се воздржат, а да не се држат за рака. Многу се заљубени“ – рекол извор за странските медиуми.