Михајило Шаулиќ, синот на починатиот пејач Шабан Шаулиќ и неговата бремена девојка Марина Велимировиќ во недела ќе го кажат судбоносното „да“, а прославата ќе биде организирана во еден од најелитните хотели во Белград.
Младенците за венчавката потрошиле повеќе од 70.000 евра. За свадбената веселба во хотелот искеширале дури 48.000 евра, додека за двете венчаници што ќе ги носи Марина издвоиле 20.000 евра.
– Марина и Михајло се многу возбудени и со нетрпение го очекуваат денот на свадбата. Сите подготовки се завршени, се убаво организираа, па во последен момент немаше паника или брзање. Марина ќе носи две венчаници, едната е нарачана од странство и чека да пристигне, додека другата е дизајнирана од познат српски дизајнер. Кој го креирал и оделото на Михајло. Знам дека само за венчаниците платиле 20.000 евра, воопшто не штеделе, туку се труделе да си дозволат се што ќе посакаат за да им биде незаборавен денот на венчавката – изјавил добро упатен извор близок до идните младенци, кој открил и кој ќе ги забавува гостите на забавата:
– Со оглед на тоа дека се жени синот на Шабан Шаулиќ , меѓу гостите ќе има многу музичари и сигурен сум дека ќе се фатат за микрофонот. Тие го ангажираа бендот „Алиби“, кој ќе биде задолжен да ги забавува. Шабан со нив соработувал. Не платија многу за музиката бидејќи ќе има многу бакшиш, па цената за целиот тим е само 1.500 евра – објасни тој.
Инаку, идната сопруга на синот на Шабан е дипломиран професор и работи како воспитувач. Михајло, кој е генерален конзул на Србија во Цирих, за кум избрал долгогодишен пријател кој не се занимава со јавни работи, додека кумата на Марина ќе и биде најдобрата пријателка. Според изворот, на оваа свадба ќе присуствуваат 400 гости. Тие го избрале најскапото мени во тој хотел, па цената по лице ќе биде 120 евра.
– Тие како семејство се широкогради, па не ме чуди што го избраа најскапото мени за своите гости. Само трошоците за музика, простор и венчаници се близу 70.000 евра – заклучил соговорникот.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/М. Шаулиќ/З.Јефтиќ/Д.Кадиќ