Радио Милева Мистериозна смрт

Синот на познатиот американски актер пронајден мртов на паркинг (Фото)

Синот на познатиот американски актер пронајден мртов на паркинг (Фото)

Синот на познатиот американски актер и пејач Џек Вагнер (62), бил пронајден мртов на паркинг во Лос Анџелес.

Харисон Вагнер имаше само 27 години, а неговиот татко е најпознат по улогите во сериите „Melrose Place“, „Santa Barbara“ и „General Hospital“.

Харисон е прогласен за мртов на лице место, а засега не се знае од што и под кои околности починал. Во тек е истрага, а причината за смртта е наведена како „одложена“.

По обдукцијата, причината за смртта не е утврдена, па затоа се бара дополнителна истрага за смртта, која вклучува дополнителни испитувања, соопштија од судска медицина како образложение за доцнењето.

На Инстаграм  Харисон за последен пат објавил пред две недели.

Фото:Принтскрин/јутјуб/ктла5

To top