Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ во последната година ослабе многу килограми.
Освен тоа што бил на диета, Виктор побарал и помош од стручни лица.
Како што пишува „Курир“, најмладиот син на пејачката успеал да ослабе 50 килограми благодарение на липосукција.
Тој постигнал одлични резултати со вежбање и промена на начинот на исхрана, но сакал да го отстрани вишокот на килограми околу стомакот.
Токму поради тоа посетил една приватна клиника која му помогнала околу тоа.
„Виктор благодарение на липосукција го подобри обликот на телото. Во овој случај хирургот немал многу работа, туку користел благи корекции. Да се појавеше порано, кога имаше повеќе килограми операцијата ќе беше ризичина“ тврди изворот.