Помалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ ужива на Тајланд каде што семејството Живојиновиќ отпатува пред Божиќните празници.
Виктор во кратките приказни на „Инстаграм“ објави видео на кое го покажа рајот во кој уживаат.
Живојиновиќ откако драстично ослабе слободно може да се пофали со својот изглед. Тој на социјалните мрежи објави фотографија во базен и го покажа своето згодно тело.
Потоа, семејството ќе замине за Австралија каде што Лепа Брена и нејзиниот син Стефан Живојиновиќ имаат турнеја до средината на февруари.