Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко е свршен со својата партнерка Богдана.
Вељко и неговата избраничка Богдана ќе се венчаат во јуни следната година во Белград.
Како што пренесуваат медиумите, Вељко и Богдана свадбата ја планирале многу порано, но повозрасните и поискусните ги советувале да се венчаат подоцна.
„Бев кај Цеца пред еден месец и го запознав семејството. Цеца е природна, нормална жена и затоа сум воодушевен колку е културна. Тогаш првпат се запознавме и точно е дека зборувавме за свадба. Венчавката треба да биде следната година, но се уште не го одредивме датумот, можеби ќе биде во јуни. Не сум сигурен“, вели таткото на Богдана и додава:
„Што се однесува до мене сакам да се почитуваат свадбените обичаии“ објасни таткото на девојката на Вељко.
За потсетување, Вељко со месеци ја нарекува Богдана како негова жена, а Цеца и Анастасија ја подржaа оваа врска.