Радио Милева

Синот и ќерката на Шабан по два дена забрана го идентификуваа телото на татка си

Синот и ќерката на Шабан по два дена забрана го идентификуваа телото на татка си
фото: Expresstabloid.ba

Синот Михајло и ќерката Санела Шаулиќ го идентификуваа телото на пејачот вчера попладне околу 15 часот, потврди за српските медиуми пријател близок до семејството.

-Вистина е, го видоа и идентификуваа… Тие двајца се простија од него во име на целото семејство. Веќе никој нема да го види, вели изворот.

Санела и Михајло поради строгите германски закони успеаја конечно да го видат телото на нивниот починат татко.

фото:инстаграм/шабан шаулиќ

Обдукцијата е закажана за утре 21 февруари и истата ќе биде направена во Германија.

Семејството има резервирано и три термини за погребот на пејачот, петок, сабота и понеделник, но се поизвесно е дека погребот ќе се случи во понеделник.

Шабан ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на Србија, откако претходно одобри градското собрание.

Останати вести од Радио Милева