Радио Милева вака се сака

Синчето на Даниел Кајмаковски возврати љубов: Мама ја погали, тато си го бакна, дури и на слика! (ВИДЕО)

Синчето на Даниел Кајмаковски возврати љубов: Мама ја погали, тато си го бакна, дури и на слика! (ВИДЕО)

Откако стапи во брак, особено откако му се роди синчето, Даниел Кајмакоски многу повеќе е посветен на семејството отколку на кариерата. не дека не планира нови нешта и дека нема настапи, напротив.

Последен пат публиката можеше да го види неодамна на концертот во чест на Тоше во ВИП арената „Борис Трајковски“, а веќе ја има договорено и новогодиишната ноч, во еден познат локал во Будва, на црногорското приморје.

Сепак Даниел, не е така често и толку многу отсатен од дома, за на малиот Давид да му недостасува неговото присуство, неговата татковска прегратка… Но, очигледно малиот знае што е тоа љубов и како истата да ја сподели со мама и тато… Та макар, таа била и на слика!

Очигледно емоциите не му недостасуваат, зашто мама и тато уште од бебе му ги подариле и му го всадиле чувството за емпатија, за тоа како и колку треба да се сакаат луѓето, особено најблиските, па Давид она што го примил и научил од своите родители го покажа на дело: како со љубов се возвраќа дадената љубов!

Закачената семејна фотографија на ѕидот и на неа неговите родители. А малиот Давид покажа како се сакаат, па мама ја погали, а тато го бакна… Та биле и на слика!

 

View this post on Instagram

 

Si go saka tato nema tuka sto ? #truelove #mylife #myeverything

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

To top