Радио Милева приказна од зад сцената

Симеон Атанасов, синот на покојната кралица на ромската музика тврди: „Животната приказна на Есма би била подобра од онаа на Тома“ (ВИДЕО)

Симеон Атанасов, синот на покојната кралица на ромската музика тврди: „Животната приказна на Есма би била подобра од онаа на Тома“ (ВИДЕО)

Музејот на кралицата на ромската музика Есма и Стево Теодосиевски  во Скопје беше опустошен, ограбен, искршен, уништен… уште пред да се отвори и сега стои руиниран, оставен во распаѓање, препуштен на забот на времето.

И додека Македонија не сака или не знае да си ги почитува ниту сопствените вредности кои се дел од културниот и националниот идентитет на една земја, светот и тоа како знае да ги препознае истите тие вредности како дел и од светското културно наследство. Токму затоа неодамна во Брисел се отвори спомен соба на Есма и Стево Теодосиевски.

Еден од синовите на кралицата Есма, познатиот и признат музичар и продолжувач на нејзиното дело – Симеон Атанасов вели дека  оваа иницијатива го поттикнала,  па изразувајќи го своето незадоволство, апелира до сите оние кои ги украдоа работите од музејот на Есма дека треба да ги вратат, бидејќи тој имал информации кој го сторил тоа и наводно, дека сите лични работи и предметите од сето останато нејзино наследство сега се  чувале на несоодветно место.

Во еклузивно интервју за нашите медиумски партнери, естрадниот ТВ магазин од зад сцената, Симеон раскажувајќи ја својата приказна и сознанијата кои ги поседува, вели дека душата го боли што ја гледа куќата во таква состојба, што е немоќен, иако ветува декаќе се потруди да и ја исполни желбата на неговата покојна иако не биолошка, повеќе од мајка – Есма.

Погледнете и слушнете ја неговата „Бекстејџ“ приказна:

To top