Радио Милева
фифти-фифти

Силви и Влатко Плевнеш папарацо уловени како вистински домаќини: „Делат се’, па заедно товарени и ќесите ги носат“

Силви и Влатко Плевнеш папарацо уловени како вистински домаќини: „Делат се’, па заедно товарени и ќесите ги носат“

Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или обајцата членови на легендарното семејно македонско поп дуо „Силви бенд“ се поретко ги гледаме во јавност, освен кога доаѓа време за изведба на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои редовно и успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија.

Овој пат, фотообјективот на Вистина.ком.мк ги „улови“ Влатко и Силви во едно поинакво светло надвор од сцената. „Неразделни“ гласи и насловот на една нивна песна, а тоа нималку не е далеку од реалноста, како професионално, така и приватно.

Заедно на сцена, заедно дома, ама и заедно на пазар.

Да не се наруши брачниот балас, Силви и Влатко одат на пазар заедно, а за да бидат задоволени желбите и на едниот и на другиот, изборот на здрави намирници се прави заеднички. Кај нив се’ е поделено рамномерно, па дури и купеното од ќесите кои се најдоа во нивните раце. Едната половина кај Силви, другата кај Влатко – фифти-фифти.

Овошје и зеленчук од пазар, но и пешачење за здрави навики и здрав живот. Брачната двојка е препознатлива, па тешко дека ќе поминат незабележано како во случајов.

Автомобилот не им беше опција овој пат, а очигледно дека иако беа вака натоварени, тие уживаа во пешачењето и попладневниот муабет и прошетка низ центарот на Скопје.

фото:Приватна архива/Принтскрин Јутјуб/фејсбук

Останати вести од Радио Милева