Радио Милева
На ова малку кој се сеќава..

Силвана Арменулиќ во врвот на популарноста била ограбена: На пејачката и го обиле станот и и’ украле милиони и вреден накит! (ФОТО)

Силвана Арменулиќ во врвот на популарноста била ограбена: На пејачката и го обиле станот и и’ украле милиони и вреден накит! (ФОТО)

Колку беше популарна Силвана Арменулиќ во 70-тите години, говори и фактот што весниците секојдневно пишуваа за неа. Медиумите пишуваа за нејзиниот приватен живот и сите случувања, а имаше и многу пикантерии и непријатни ситуации. Денеска за неа би рекле дека е таблоиден лик, а тогаш велеа дека  е линост која „привлекува внимание“.

На 16 октомври 1971 година во весниците осамна наслов „Мали пари“, а во текстот пишувало дека „станот на Арменулиќ бил ограбен“. Весниците ја информираа јавноста дека бил обиен станот на пејачката Силвана Арменулиќ и од него бил украден накит вреден околу 300.000 нови динари и „нешто ситни пари“.

„Мене и на мојот сопруг ни украдоа многу пари“ – изјавила пејачката за „Политика“.

„За среќа, најголемиот дел од парите сепак ги чуваме во банка, па не верувам дека украле повеќе од милион или два динари“ – изјави тогаш Силвана, како да ништо значајно не се случило, што покажува колку многу заработувала плегендарната пејачка во годините на екот на својата популарност и слава.

Останати вести од Радио Милева