Радио Милева ги чувам сите снимки

Силиконската кралица Тијана Ѓуричиќ отвори душа: „Кристијан Голубовиќ ми го уништи животот, три години му бев вонбрачна жена, а тој лажеше дека ме сака“ (ФОТО)

Силиконската кралица Тијана Ѓуричиќ отвори душа: „Кристијан Голубовиќ ми го уништи животот, три години му бев вонбрачна жена, а тој лажеше дека ме сака“ (ФОТО)

Тијана  Ѓуричиќ, поранешната кралица на силиконите, изјави дека цели три години му била љубовница, односно била во тајна вонбрачна врска со Кристијан Голубовиќ, како и дека го посетувала додека тој бил во затвор.


Таа тврди дека жестокото момче ја пријавило кај властите во затворот Забела како вонбрачна сопруга.

„Кристијан ми го уништи животот. Чекам да ме спомене во Задруга, за да можам да ги објавам сите снимки што ги чувам. Ме лажеше со години дека ме сака. Го снимав како зборува дека едвај чека да го посетам и дека ме обожава. Ми велеше дека сака и дете со мене“ – рече Тијана Ѓуричиќ.


„Ми рече дека неговата сопруга Ивана е само покритие за медиумите. Ме пријави како вонбрачна сопруга. Тој всушност нема жена, само јас доаѓав да го посетувам двапати неделно, цели три години во затворот во Забела, а не неговата сопруга Ивана. Му испраќав пакети и пари за да купува и јаде во мензата, му ја пеглав облеката…“ – тврди Тијана.

Таа неодамна ги намали силиконските гради и го смени личниот опис, вадејќи ги сите импланти и филери од себе, па сега изгледа сосема поинаку, многу понормално  и речиси е непрепознатлива во однос на нејзиниот поранешен силиконски изглед.

Фото: Фејсбук и Јутјуб принтскрин

To top