Радио Милева расна „риба“

Силиконите само што не и пукнале, а Сандра Африка повторно отиде под нож, па сега има преку 580 кубика во нив (фото)

Силиконите само што не и пукнале, а Сандра Африка повторно отиде под нож, па сега има преку 580 кубика во нив (фото)

Сандра Африка по трет пат отиде под нож за да ги зголеми градите, а сега откри и зошто го направила тоа.

Пејачката е една од најатрактивните, а покрај тоа што завидниот физички изглед и се должи на генетиката, како што вели, признала и дека дури три пати ги зголемила градите. Африка не крие дека направила хируршки зафати, па повторно ги зголемила градите.

Како што истакнува, се грижи за тоа како изгледа, па затоа внимава што консумира во однос на храната и пијалоците и редовно вежба.

– Што се однесува до мојот изглед, искрено се трудам, но тешко е со оглед на работата што ја работам. Генетиката е повеќе од 50 отсто – започна пејачката, па откри зошто решила да ги зголеми градите:

-Ги зголемив градите по трет пат, сега имам 580 кубика. Сакав градите да ми бидат поголеми, бидејќи телото се менува со годините и не сум слаба како пред 15 години, изјави таа за Ексклузив.рс.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сандра Африка

To top