На 56 години почина Германката Татјана Патиц, една од петте легендарни супермодели од 90-те години, објави „Вог“.
Патиц заедно со Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон ја сочинуваа легендарната петорка на првите супермодели кои во 1990 година ги повика светски познатиот моден креатор Џани Версаче.
Таа во 90-те години ги освојуваше светските модни писти, а поради својата убавина, мачкастиот облик на очите, невообичаено совршениот облик на лицето стана заштитно лице на многу кампањи, меѓу кои и на Шанел, Келвин Клајни и Версаче.
View this post on Instagram
Беше родена во Германија, во 1966 одина, а детството го поминала во Шведска. На 17 години влегла во финалето на натпреварот Елит Модел Лук, а потоа потпиша договор со светска компанија и се пресели во Париз.
Често беше на насловните страници на американското издание на „Вог“, но и на интернационалните изданија. Во времето кога Ана Винтур беше главен уредник на „Вог“, таа имаше две насловни страници едно по друго.
View this post on Instagram
Се прослави по соработката со славните фотографи, меѓу кои и Херб Риц.
-Никогаш не си ја продадов душата, изјави манекенката во интервју во 2020.
View this post on Instagram
Живееше повлечено во Калифорнија со синот и сопругот, каде се грижеше за своите животни.
Засега нема информации за причината за смртта.
фото:Инстаграм принтскрин/tatjanapatitz