Шведска е победник на Евровизија 2023 во Ливерпул.
Лорин (40) испиша историјата на Евровизија, бидејќи е првата изведувачка која двапати победила на овој натпревар – пред 11 години победи со песната „Еуфорија“, а овој пат со песната „Тетоважа“.
На музичкиот натпревар се претставија 26-те земји кои влегоа во финалето на Евровизија.
Шведска е победникот на Евровизија, откако ги додаде гласовите на жирито и публиката, со вкупно 583 поени. Финска е на второто место со 526, додека третото место го освои Израел со вкупно 362 бода.
Вака гласаше светот кој од оваа година може да учествува во изборот на победникот на Евровизија.
Шведска, настапуваше под реден број девет, а Лорин, која веќе победи на Евровизија во 2012 година, настапи со песната „Тетоважа“, песна за љубовната врска која е толку силна што се врежува засекогаш како тетоважа.
Лорин доби огромни овации од публиката во арената уште на самиот почеток на настапот.
Фото: Принтскрин/РТС