Бременоста е најубавиот период во животот на една жена која пред себе го добила прекрасниот предизвик да биде мајка на едно ангелче.
Тамара Тодевска веќе девет месеци во својот стомак го носи синчето Дарен, кое само што не пристигнало на овој свет.
Пејачката е во последните недели од бременоста, но е неуморна и пред самиот чин на породувањето и постојано е во некаква активност заедно со Хана, сопругот, пријателите, но и соработниците.
Па така, вчеравечер реши да го овековечи моментот на последните денови од нејзината втора бременост и се фотографираше во разголено издание од куса црна блузичка и црни гаќички.
Од приложеното се гледа дека мама Тамара изгледа преубаво и пресреќно, а кога таа се чувствува така, тогаш истите вибрации му ги праќа и на синчето, кое сме сигурни дека со нетрпение го очекува, како таа, така и семејството.
И посакуваме лесно породување!
фото:instagram