Радио Милева претскажувач...

Што ти е визионер: Цацко да ти знаел уште во она време дека ќе биде советник на премиерот на… „нашата земја“ (ВИДЕО)

Што ти е визионер: Цацко да ти знаел уште во она време дека ќе биде советник на премиерот на… „нашата земја“ (ВИДЕО)

Не само комичар, туку Љупчо Бубо Каров своевремено да ти бил и визионер. И тоа уште во времето кога пред дваесеттина и кусур години, „К15“ со својот хумор беа неприкосновени владетели на забавата во македонскиот медиумски етер.

Арно ама,  зад забавата и добрата заработка од неа, тогаш да ти имало и визија. Зашто кога денес ќе направите ревизија на материјалот, бргу сфаќате дека она, со кое кое некогаш Цацко се подбивал и го исмејувал, денес наголемо го практикува. Секако, сега, кога е од другата страна, во прегратките или поточно во скутот на власта на Зоран Заев!

Имено, да ве потсетиме дека од јули 2017, Љупчо Бубо Каров е поставен за надворешен советник на Министерот без ресор Роберт Поповски , задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија… Пардон, на „нашата земја!“

Па сега оттаму добива „дебел“ месечен хонорар… Од  истата онаа „наша земја“ – фраза на која и се смееше и потсмеваше, кога беше најдобриот комичар во „нашата“… Пардон, во Република Македонија!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Ognjanovski (@panika_mile) on

To top