Радио Милева болест која го уништува телото

Што се случува со поранешната на Антонио Бандерас: Познатата актерка со помодрени раце и темни дамки (фото)

Што се случува со поранешната на Антонио Бандерас: Познатата актерка со помодрени раце и темни дамки (фото)

Мелани Грифит секогаш се појавува во јавноста со ракавици, а во ретките прилики кога папараците ќе ја фатат без ракавици, имаме можност да ја видиме секогаш со помодрени раце.

Имено, во многу ретки прилики можеме да ја видиме Мелани без ракавици. Без разлика дали џогира, шета или пие кафе со другарките, таа секогаш носи ракавици без прсти. Тие ракавици и ги покриваат само рацете, додека прстите и се слободни.

Во ретките прилики кога папараците и ги фотографираат рацете, можеме да видиме дека нејзините раце се полни со модринки и темни дамки.

Американскиот лекар Габриел Миркин за „Pressreader“ објасни дека ова е типична процедура која спречува срцев удар, а се прави со луѓе кои имаат проблеми со тромбоза:

„Ова е вообичаена процедура која се прави со пациенти кои имаат тромб кој патувал или има потенцијал да патува до белите дробови или срцето…

Инаку, Мелани зад себе има неколкудецениска борба со дрогата и алкохолот, а еднаш рече:

„Ги знам сите правила на трезвеност. Избегнувајте дрога. Едноставно… Но поради некоја причина ми е многу тешко.

Докторот кој за споменатиот медиум го коментираше случајот на Мелани Грифит, смета дека историјата на алкохолизам и наркоманијата дополнително ја става актерката во ризична група и дека таквите пациенти треба да знаат дека здравјето е многу важно и дека животот мора да се менува од корен. .

Актерката последниве години често беше фотографирана како се шета или вежба во теретана, додека неодамна повторно беше видена како пуши цигари кои и се строго забранети.

– Бев исклучително под стрес. Моите напади се во момент кога сум била под стрес до крајност“  Грифит, потоа се пошегувала дека разводот со Антонио Бандерас и се одразил позитивно, бидејќи по него нема напади.– објасни еднаш  одамна Мелани за болеста.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

To top