Секој жена си има свој дел од домот свое омилено место во кое ужива да експериментира, но и да се пронајде себеси преку своите модни комбинации.
Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба која секогаш прекрасно изгледа, овој пат на сите жени им го откри нејзиниот избор за пролет – лето и со задоволство го сподели женско катче и гардеробата со која располага и со што би ја надополнила.
Лоба на публиката и следбениците на социјалните се почесто им дозволува да ѕирнат во нејзината приватност сѐ со цел да ја запознаат што подобро.
Пејачката одлично умее да ги комбинира модните парчиња, а сега целосно покажа и им препорача на нејзините следбенички модни парчиња, но и додатоци од накит и на крај сето тоа го комплетира и го заокружи со нејзиниот омилен избор на парфем.
За таа цел ја искористи социјалната мрежа „Инстаграм“ каде се отвори и си помуабети со нив на таа тема.
„Лоба имаш топ стил долго те пратам, препорачај некој тренд“ – Беше првото прашање на кое пејаката напиша дека ќе сподели неколку трендови.
Лоба откри дека тексасот за неа е нешто најомилено, посебно фустаните и мини здолништата.
А. додека пак вртоврската е апсолутен хит.
Но, за чевли, сандали, високи потпетици или чизми металната сребрена боја секогаш доаѓа во предвид.
„Омилен накит кој го носиш на настап?“
„Масивни бисери и комбинација на бисер со сребрен/ златен накит“ – најчесто е нејзиниот личен избор.
На крај пејачката го заокружи женското мени со изборот на нејзините омилени парфеми, а со кој мирис таа се чувствува најмоќно погледнете од колажот на фотографи.
А дека на сите им се допадна и ја подржаа во убавиот избор, доказ беа коментарите и комплиментите кои ги доби: „Преубава и културна, само напред девојко“ – гласеше еден од нив.
Лоба се заблагодари и се израдува на убавите женски зборови, „Girl Power“ – напишаа таа чувствивајки се сигурно и исполнето.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба