Радио Милева ги сплоти...

Што не може политиката, може музиката: Елена Велевска ги крена на нозе Македонците во САД!

Што не може политиката, може музиката: Елена Велевска ги крена на нозе Македонците во САД!

Елена Велевска е на турнеја низ САД. Замина уште пред Нова Година, кога и започна со настапите. Охајо, Синсинати, Индијана… пред и за највеселата ноќ, Њу Џерси и Њујорк за Бадник и Божиќ…

Па, преку Рочестер, Лореин, Мајами, Чикаго и Детроит… се’ некаде до почотекот на февруари. Се чини дека на поголема и подолга американска турнеја ниту една македонска пејачка не била.

Елена Велевска како Бијонсе и Ријана, ги крстосува САД. Се разбира нашите иселеници се главната публика на нејзините настапи, иако има и по некој друг од останатите етнички заедници од Балканот, па и понекој американски пријател.

И додека политиката повеќе ги наметнува отколку што ги решава дилемите: Македонија или Северна Македонија… Името, јазикот, идентитетот… референдумот, народот рече – НЕ!… се чини музиката е единственото нешто што ја има онаа магична обединувачка моќ.  Патриотизмот „кипе“ од сите страни, ама сепак никој не успеа во дијаспората така и толку да ги обедини Македонците, како што успеа таа.

Преполни сали, фантастична атмосфера, неколку илјади распеани грла, на оро фатени и Македонци и сите останати…

И младо и старо…

…И машко и женско…

…И црно и бело, и…

…И шоуто мора да продолжи. Зашто неговата главна ѕвезда тоа умешно го прави со својот глас и вокланите спосбности, со својот стас и телесните квлитети, со сето она што значи балканска харизма со која Елена Велевска зрачи.

Епа, за многу години Македонци, каде и да сте…

 

View this post on Instagram

 

American Tour 2019??New York,New Jersey St.”Kiril i Metodij”

A post shared by ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ᴏғғɪᴄɪᴀʟ (@elenavelevskaofficial) on

To top