Кралицата Елизабета беше на тронот повеќе од седум децении, но цело време нејзиниот изглед беше проследен со доза на мистерија.
Што носела во чантата од која никогаш не се разделила, како го поделила својот имот на своите наследници, што пишува во тајното писмо чувано во временска капсула во палатата на кралицата Викторија во Сиднеј… Ќе се задржиме на ова последно, австралиско прашање.
Писмото го оставила во 1986 година, кога била во посета на најмалиот континент. Но потоа го запечатила на 99 години, што значи дека содржината ќе ја дознаеме дури некаде пред крајот на овој век.
Ковертот се чува во посебен трезор на палатата и никој не смее да му се приближи. Што е толку важно што кралицата им кажа на граѓаните на Сиднеј?
Познавачите на политичката ситуација сметаат дека таа им оставила покана на Австралијците да одлучат дали и понатаму сакаат да бидат една од земјите на „Комонвелтот“, односно дел од поранешната Британска империја.
Ќе дознаеме во 2085 година, кога Вилијам би бил крал.
фото: Guliver Getty Images