Радио Милева 266 000 евра

Што ќе каже Игор Којиќ? Северина купува стан и се сели во Белград?

Што ќе каже Игор Којиќ? Северина купува стан и се сели во Белград?

Северина купува стан во Белград, пишува курир.рс. Имено, пејачката била видена како гледа станови во населбата „Вест 65“ на Нов Белград.

Наводно, Северина е заинтеренсирана за стан од 70 квадрати кој чини 266 000 евра.

-Северина се научи да живее релацијата на Загреб – Белград додека беше во брак со синот на Кеба. Логично е по разводот да не оди во домот на Кеба на Бежаниска коса, па затоа одлучи да купи стан во Белград. По препорака на пријател, композиторот Филип Малтетиќ се одлучи за елитна населба на Нов Белград, вели добро известен извор.

Поп пејачката разгледала неколку стана, а нејзин пријател откри за кој се одлучила.

-Најмногу и се допадна стан од 70 квадрати кој има голема тераса и две спални. Едната е за синот Александар кој скокаше од среќа кога му кажа дека ќе поминуваат многу време во Белград. Квадрат во „Вест 65“ чини 3 800 евра, па за станот ќе искешира 266 000 евра. На пејачката и се допаѓа тоа што во новиот дом ќе има приватност. Комплекост има обезбедување, па никој нема да може да дојде до неа. Покрај тоа, Северина се воодушеви што има гаража од каде со лифт ќе може да оди до својот стан, вели добор известен извор.

Први соседи на Северина ќе бидат многу нејзини колеги, а меѓу првите е Новак Ѓоковиќ.

-Станот на Северина се наоѓа во зградата во која живее и Сандра Африка. Сосди ќе и бидат и Милица Тодоровиќ, Милица Павловиќ, Марија Шерфиовиќ. Тука е и Новак Ѓоковиќ, вели изворот.

Хрватската пејачка често истакнуваше дека сака да доаѓа во Белград каде и живее нејзината сестра Маријана.

-Сакам да дојдам во Белград, тука ја имам најпрекрасната публика.Сакам што се сакаме“, вели Северина.

Севе не се огласи по повод овие пишувања. За потсетување, оваа година стави крај на бракот со Игор Којиќ.

фото: принтскрин/инстаграм/северина

 

 

To top