Додека Боки 13 се фалеше со раскошот по социјалните мрежи фотографирајќи се со речиси сите функционери на власта, Катица Јанева не споделува многу фотографии од приватниот живот.
Доколку некој сака да ѕирне во профилот на шефицата на специјалното обвинителство Катица Јанева, мора да и понуди пријателство, бидејќи нејзиниот профил е приватен и дел од објавите не може секој да ги гледа. Според актуелната истрага Рекет, во која се шпекулира дека е замешана и Катица Јанева, сигурно во моментот понудените пријателства се ставени на чекање. Но оние кои и се пријатели и секојдневно гледаат што споделува Катица, сигурно забележале дека специјалната јавна обвинителка повеќе објавува цитати отколку фотографии со нејзините пријатели и семејството.
Листајќи по профилот забележуваме дека Јанева во повеќето цитати кои се споделени се поврзани со егото и гордоста на човекот.
КОГА СЕ ПЛАШИШ ДА ИГРАШ НА ТЕРЕН, ОБИЧНО СВИРKAШ ОД ТРИБИНИ! – стои покрај профилната фотографија на „специјалната“ на Фејсбук!
Свиркачите ја обелоденија аферата… Или имаат уште материјали за компетирање на „Рекет резилот“, па бестрашната од теренот, ќе се најде од ругата страна? Само да не заборавиме дека теренот и трибините најќесто ги делат решетки или жица.
СЕКОГАШ ВЕРУВАЈ МУ НА СОПСТВЕНИОТ ИНСТИНКТ, ТОА СЕ ПОРАКИТЕ ОД ТВОЈАТА ДУША!
Дали Катица Јанева добро ја служел инстиктот дека инволвираните во случајот Рекет, кои меѓувреме се нејзини пријатели, го користат нејзиното име за да рекетираат бизнисмени уценувајќи ги со телефонските разговори со кои располага специјалното обвинителсто. Или можеби пораките од нејзината душа допрва ќе покажат дека Јанева успешно соработувала со Боки 13 и Зоран Кичеец?
НЕ ОДИ НА ПРСТИ, НИЗ ЖИВОТОТ СЕ ГАЗИ.
А таа така дојде. Од нигде-никаде, тивко на прсти, за со кураж од власта да почне да гази се пред себе. И виновни и невини, и кога има и кога нема случај… Згазени се многу нешта што се нарекуваат, доверба, чест, правда, невиност… И како што најчесто бива на крајот оној што безмисолосно гази, и самиот на крај завршува… „прегазен“! Од вистината!
Зашто ВИСТИНАТА е капсулата која сите ја сакаат, ама изгледа дека не може секој да ја проголта!
И не се само цитатите споделени од Јанева кои се поврзани со егото и гордоста на човекот. Има тука и по нејкоја фотографија која очигледно будела разни асоцијации во главата на „специјалната“. Убаво е кога си под отворена закрила на „чадорот“, ама очигледно уште поубаво би било да си меѓу мноштво собрани… И тоа од оние, поголемите!
И секако за крај една фотографија врзана за наградите. Доделени од меѓународна институција. „Најдобар главен обвинител на Балканот“ во 2017 година. Годинава веројатно ќе мораат да го преиначат она „најдобар“ во „НАЈБОГАТ“!
ТВ Алфа прави кратка анализа за она што е споделувано изминатиов период на ФБ профилот на „специјалната“.
Користени извори: Република.мк/ТВ Алфа