Летото наближува, време е да се размислува за годишни одмори, но и зачестени викенди зашто временските услови се се подобри, а деновите подолги и посончеви! А моментите за време на престојот во природа и особено на плажа, меѓу остананатото можат да се пополнат со читање книга. нешто што неретко го гледаме додека на пример се сончаме покрај морскиот или езерскиот песочен брег. Книгата велат е најдобриот нематеријален човеков пријател и не се далеку од вистината. Единствено останува дилемата кој колку и особено кој што чита? Какво четиво, која литература?
Новата девојка на „Големиот брат“ од Куманово, Дарко Спејко не е исклучок од кажаното, зашто барем споделеното на нејзиниот Инстаграм, Хрисанта Монева меѓу другото е и голем љубител на книгата!
Во се која можна пригода, особено во природа или на плажа долгоногата убавица се дружи со книгата… Така барем покажува!
Атрактивната пробиштипјанка чекаше да дојде саемот на книгата за да го прошири својот избор на омилена литература, која ја релаксира и забавува, но која може и да едуцира и од неа многу нешта да се научат! Особено ако одбраната литература е со содржина која ги третира машко – женските односи…
Како и да е, литературниот избор на русокосаа убавица овој пат ем поучен, ем практичен. До душа не е баш „Камасутра“ во прашање, ама не е ни „мало сутра“… Што можеш денес, не оставај за утре… Меѓудругото и кога е во прашање читањето, а и практикувањето на прочитаното. Единствена дилема што тоа ова лето ќе чита Хрисанта, самата ја расчисти, па на својот профил на социјалните мрежи го понуди одговорот: Хрисанта ја чита „Часови по секс“!
Случаен или намерен избор, можеби предлог од некого? Ако не ја знаете содржината на книгата веднаш ќе се запрашате, има ли можност од истата нешто да се научи, па практично да се примени? И ако е така, кој кого ќе едуцира? Хрисанта е подготвена да дава или да зема часови по… знаете веќе што?
Спејко до сега, барем на објавените фотографии покажа дека е прилично „едуциран“ по тоа прашање! Та не би бил тој што е, да нема свој стил во љубовно споделување на емоциите и особено страстите. Усталена практика која одамна ја практикува уште со бившите…!
А и Хрисанта од досега споделеното, изгледа дека бргу се вклопила во усталеното!
Така барем и самата покажа во неколку наврати …
И на отворен и во затворен простор!
Оттаму чуди и изборот на книжевното дело на русокосата убавица, кое ако не сте го прочитале, еве мал вовед за што се работи, што тоа пишува во неговата содржина:
Како и да е, најважно е да се чита. Што и да прочиташ, побогат си за едно знење, за едно искуство, какво и да е… Впрочем, никогаш не се знае, кога ќе ти притреба!?
Фото: Архива + Инстагрма принтскрин/hrisantam